Студентите од Факултетот за медицински науки на УГД и годинава успешно го организираат Интернационалниот конгрес на студенти по општа медицина.

Ова е четврто издание на овој Конгрес, кое потврдува дека на Факултетот за медицински науки има создадено одлично јадро на проактивни студенти кои успешно организираат настани на кои се презентираат и највисоки медицински достигнувања.

- Навистина ми е чест и задоволство, бидејќи ова е настан кој студентите сами го организираат, еве веќе по четврти пат, и ова е еден настан кој ги обединува сите студенти од општа медицина, сите генерации, и во кој ентузијазмот, идеите и знаењето на студентите доаѓа до израз – изјави проф. д-р Марија Дарковска-Серафимовска, продеканка за настава на ФМН.

Доц. д-р Марија Димитровска-Иванова, претседателка на Научниот одбор, рече дека е задоволна од квалитетот и бројот на пристигнатите апстракти оваа година.

- Како Научен одбор се потрудивме да ја задржиме академската строгост и да го поттикнеме ентузијазмот на студентите. Добивме апстракти од повеќе области на клиничката медицина, но исто така и од базична медицина. Имаме повеќе од 100 апстракти кои се поднесени како усни и постер презентации и повеќе од 600 пасивни учесници од повеќе земји од регионот и од Европа.  Овој Интернационален конгрес има големо значење во афирмирање на нашиот факултет и на Универзитетот „Гоце Делчев“, и можност за остварување на соработка со други медицински факултети од земјата, регионот и Европа.

Во однос на предавањата, доц. д-р Димитровска рече дека ќе има од повеќе области, како од клиничка медицина, така и од базичните медицински науки, гинекологија, ортопедија, хирургија, педијатрија, генетика и онкологија.

Ангела Радева, студентка на ФМН, изјави дека слоганот на Конгресот е Виамедика и претставува платформа за размена на многу знаења, идеи и научни достигнувања помеѓу младите идни лекари.

- Овој Конгрес е и доказ за афирмацијата на нашиот Универзитет, како и за Факултетот за медицински науки. Од име на студентите, сакам да им се заблагодарам на сите кои придонесоа да овој наш сон стане реалност – потенцираше Ангела Радева.

Конгресот се одржува три дена, од 15 до 17 мај, во Мултимедијалниот центар на УГД.

 

Template Settings

Color

For each color, the params below will give default values
Blue Red Cyan Green Orange

Body

Background Color
Text Color

Background

Patterns for Layour Style: Boxed
Layout Style
Select menu