Џорџ Патапатиу, претставник од Интернационалната академија за хомеопатија во Грција, денеска одржа предавање пред студентите на Факултетот за медицински науки при УГД.

Деканот на ФМН, проф. д-р Рубин Гулабоски, истакна дека хомеопатијата можеби е иднината на медицината.

- Она што денес ќе го видиме е претставување на основните принципи на хомеопатијата, но и студиските програми за хомеопатија кои господинот Џорџ ќе ни ги претстави. Тој ќе ни претстави како може да се студира хомеопатија, на кој начин и кои се поволностите на тоа студирање. Хомеопатијата нема да биде воведена многу брзо, но развојот и ефектите од оваа алтернативна медицина во голем број делови на медицината се фасцинантни. Можеме слободно да кажеме дека можеби ќе биде една од гранките на медицината на 21 век што ќе донесе најголем прогрес на медицината - изјави проф. д-р Рубин Гулабоски.

Претставникот од Грција истакна дека би сакал да ја прошири идејата за хомеопатијата на УГД и дека соработката со УГД дополнително ќе се проширува.

- Сакаме да воспоставиме контакт со вашиот универзитет и да видиме дали можеме да ви го споделиме знаењето за да им помогнеме на пациентите. Ќе имаме и други состаноци со надеж дека ќе ја продолжиме соработката - изјави Џорџ Патапатиу од Интернационалната академија за хомеопатија во Грција.

Предавањето се одвиваше во свечениот амфитеатар на Кампус 2, а целосното предавање може да се најде на следниов линк.

 

Технички секретар

Билјана Герасимова
Тел: +389 32 550 400
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Стојанче Стојанов

Тел: +389 32 550 078

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Штип - Мери Манева

Тел: +389 32 550 070

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Лилјана Мираковска

Тел: +389 32 550 432

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.