Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип на 28 и 29 март ќе биде локацијата каде што ќе се одржи Првиот интернационален конгрес на студентите по дентална медицина, насловен како „Analog vs. Digital in dental medicine“.

Повеќе од двесте гости од пет универзитети од нашата држава и од странство ќе имаат можност да учествуваат на овој настан организиран од страна на студентите по дентална медицина и на студентите на студиската програма Стручен забен техничар - протетичар, под покровителство на ректорот на Универзитетот и деканот на Факултетот за медицински науки на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Своето активно или пасивно учество го најавија студенти и професори од нашиот универзитет, од Медицинскиот факултет при Универзитетот во Ниш (Република Србија), Стоматолошкиот факултет при Европскиот универзитет во Скопје, Факултетот за медицински науки при Државниот универзитет во Тетово и Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Интересните предавања од страна на еминентни професори и асистенти, усните и постер-презентациите изработени од страна на студените, како и бројните работилници кои имаат за цел да ги подобрат практичните знаења на студентите ќе побудат интерес не само кај студентите на студиите по дентална медицина и стручен забен техничар - протетичар, туку и кај студентите на останатите студиски програми, како и на специјализантите и докторандите на Факултетот за медицински науки.

AGENDA AND ABSTRACT BOOK (.PDF)

 

Технички секретар

Билјана Герасимова
Тел: +389 32 550 400
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Стојанче Стојанов

Тел: +389 32 550 078

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Штип - Мери Манева

Тел: +389 32 550 070

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Лилјана Мираковска

Тел: +389 32 550 432

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.