Врз основа на членот 150 од Законот за здравствената заштита (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16 и 37/16), членовите 3, 4 и 5 од Правилникот за специјализациите и супспецијализациите на здравствените работници и здравствените соработници со високо образование („Сл. весник на Р.Македонија“ бр. 137/2012 година) и Одлуката од Ректорска управа за распишување на конкурс за прием на кандидати на приватни специјализации од областа на стоматологија и фармација арх.бр.0202-133/3 од 29.01.2018 година, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип - Факултет за медицински науки на ден 27.02.2018 година, објавува

Јавен оглас за приjaвување на кандидати за запишување  односно одобрување на специјализација и супспецијализација на здравствени работници и здравствени соработници со високо образование од областа на стоматологија и фармација за 2018 годинa

СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА

За вработени здравствени работници односно здравствени соработници во приватни здравствени установи, други правни лица и невработени

Ортодонција

4

Орална хирургија

6

Орална медицина

4

Парадонтологија

4

Ендодонција

6

Испитување и контрола на лекови

6

Фармацевтска технологија

1

СУПСПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА

За вработени здравствени работници односно здравствени соработници во приватни здравствени установи, други правни лица и невработени

Орална имплантологија

5

Барањето за одобрување на специјализациите/супспецијализациите заедно со комплетната документација се поднесува од страна на здравствен работник кој работи во приватна установа односно од невработениот здравствен работник, најдоцна во рок од 30 дена од денот на објавување на Огласот во јавните гласила.

Потребни документи за упис на специјализација за вработени здравствени работници односно здравствени соработници во Приватни здравствени установи, други правни лица и невработени

  1. Барање за одобрување на специјализација(може да се превземе од веб страната на Универзитетот);
  2. Уверение со оценки и диплома за завршен факултет (нотаризирани);
  3. Уверение за положен стручен испит (нотаризиран);
  4. Основна лиценца за работа од Комора (или потврда дека издавањето е во тек) - нотаризирана;
  5. Потврда од Агенција за вработување доколку кандидатот е невработен;
  6. Упатница од приватна ординација доколку кандидатот е вработен во истата и М1/М2 образец;
  7. Уплатница за уплатена административна такса 50 денари.

Потребни документи за упис на супспецијализација

  1. Барање за одобрување на супспецијализација(може да се превземе од веб страната на Универзитетот);
  2. Уверение за положен специјалистички испит (нотаризирано)
  3. М1/М2 образец
  4. Основна лиценца за работа од Комора (или потврда дека издавањето е во тек) - нотаризирана;
  5. Уплатница за уплатена административна такса 50 денари.

Цена на чинење на специјализацијата е согласно Одлуката за надоместокот за спроведување на теоретска настава и практична обука и за полагање на испит за специјализации односно супспецијализации од областа на медицината, стоматологијата и фармацијата ( „Службен весник на РМ“ бр.123 од 2 Октомври 2012 година)

Барањето за одобрување на специјализација/супспецијализација со комплетната документација се доставуваат во согласност со одредбите од Законот за здравствена заштита (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16 и 37/16) и Правилникот за специјализациите и супспецијализациите на здравствените работници и здравствените соработници со високо образование („Сл. весник на Р.Македонија“ бр. 137/2012 година) до Архивата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип ( нов ректорат) , ул. „Крсте Мисирков“ бр 10-А, 2000 Штип со назнака  „за специјализации“.

Тел.за контакт

032 550447

Конкурсот е објавен и на интернет-страницата:

http://www.ugd.edu.mk

Технички секретар

Билјана Герасимова
Тел: +389 32 550 400
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Лилјана Мираковска
Тел: +389 32 550 432
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Студентски прашања

Анка Јорданова
032/550-868
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Медицински сестри/техничари, Забен техничар - протетичар, Акушерки

Мери Манева
032/550-070
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Општа медицина

 

Студентски прашања

Стојанче Стојанов
032/550-078
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Фармација, Дентална медицина

Васка Здравкова
032/550-408
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми
Физиотерапевт, Медицински лаборанти, Оптометрија и очна оптика